Дека Марија Луиса Тодоровска покрај вокалните поседува и телесни квалитети оддамна е познато, а речиси секојднево истото го потврдува. Разголувањето и покажувањето на женското тело за некои можеби е стриптиз, ама за битолската фолкерка е еротска уметност, па не само што не се срами, туку и многу често и го потенцира својот телесен раскош споделувајќи го својот гол сексапил на фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Дали се тоа професионални еротски фото-сесии или своерачни скокотливи селфи фотографии сеедно… Важно е да е возбудливо! А таа како магнет привлечна за своите обожаватели и следбеници, постојано знае да ги израдува со своите „еротски разгледници“.
Една таква нова црно бела секси селфи фото поза, на која пејачката „пиштол гола“ седи на креветот, Марија Луиса одново споделила. Колку за да ја заскокотка јавноста или можеби некого и лично да потсети како изгледа пред чинот на „лулање кревети“? Или едноставно толку „и врие крвта“, што наместо ладење со клима или Кока кола, најдобро е да се легне „пиштол гола“?!
А кога веќе ќе легнеш в кревет како од мајка родена, за атмосферата да ти биде ептен погодена потребно е некој да ти прави друштво. Затоа Марија реши да го повика најдобриот пријател, за со него малку „да си поигра и погали“…
„Лео, Лео… дојди ваму кај мене“ – го повика Марија Луиса својот убавец.
„Лео, дојди да ти кажам нешто, бргу…“ – беше упорна таа, онака испружена и разголена, обидувајќи се да го намами и тој да и се придружи.
„Брзо дојди… Дојди, дојди… Убрзај малку“ – беше нестрплива Марија.
Омамаен од повикот во надеж дека нешто ќе добие што многу ќе му се допадне, ете го Лео како срамежливо ѕирна од зад вратата, па чекор по чекор полека, се доближи до постелата во која распиштолена лежеше пејачката.
Штом ја виде онака разголена, на Лео веднаш му светнаа очите… Ги рашири како филџани и ни миг не се колебаше во еден потег да скокне и да и се качи на креветот на неговата сопственичка.
„Кај си ти…? “ – низ шепот го праша Марија, но уште не го беше доизустила до крај она што сакаше да му го каже, Лео сфати што го чека и пред било што да бидне, реши веднаш да му ја кидне!
„Неее… не долу…“ – свика незадоволната газдарица, ама попусто… И викање и шепот и воздишки, зашто Лео брзо сфати, што е тоа тежок живот кучешки!
Марија Луиса потврди дека од памет го извади, а кутрото куче, не знае да зборува па остана мистерија, дали Лео избега штом осети дека е густо, поучен од некое претходно искуство?
Како и да е, вака изгледаше повикот од постела на газдарицата за игра и галење со својот миленик и „уплавот од убавини“ на нејзиниот Лео!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska