Марија Луиса Тодоровска по кој знае кој пат одново ја разбранува јавноста! Пејачката на својот Инстаграм излезе со објаснување зошто е сингл или поточно со теорија, зошто никој не ја зема за жена.

Фолкерката свесна уште во старт дека ќе ја „распнат“ хејтерите, тргна да се огради, па ги таргетираше потенцијалните „мразачи“, квалификувајќи ги како „неспособни мажиња“ или „кутри женички“, од кои секоја од нив едвај чекала да се омажи. Свесно и намерно, веројатно за да ја зголеми провокацијата и навлече што поголем број коментари и крене поголема врева, зашто, како велат: „Зад добриот коњ – голема прашина се крева“!


А Марија како Марија, излезе со терија колку е скапа женска. Стандардите високи, па за себе троши само скапи производи, најмногу на средства за лична хигиена и козметика… Оти пејачката има таква генетика, па кожата не и прима евтино… Само скапо и фино!

„Подобро сама, отколку да си ги спуштам стандардите“ – споделила Марија во клипот на Инстаграм приказните.

Од друга страна потребите големи, зашто мноштвото „тезги“ изискуваат постојано телесно одржување… И пред настапите и после нив, како лична хигиена од можното потење, а и како подготовка за некое евентуално дневно или ноќно „безгрижно шепотење“!

И кога се’ ќе се земе во превид, според нејзините проценки и математики, само за сите масла, креми, гелови, пилинзи, шампони и козметики… на Марија Луиса трошокот и е просечно, околу 750 евра месечно! Или што би рекле – скапа женска… За одржување!
View this post on Instagram
За да ја имате секој ден покрај себе ви требаат многу пари, а повеќето или ги немаат или не им се даваат. Не дека нема кандидати, ама… Стандардите на пејачката високи, потребите големи, а принципот: „Не е се’ во пари, има нешто и во сантими“, драги мажи, изгледа кај Марија Луиса – не важи!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska






