Пејачката Теа Таировиќ неодамна му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, Иван Вардај, и оттогаш не престанува да се пишува за нејзиниот сопруг и нивниот приватен живот.
Веста за свадбата на популарната пејачка брзо се прошири во јавноста, а фановите и медиумите со интерес го следат секој нов детаљ поврзан со нивниот брак.

Порано беше откриено дека Иван Вардај се обидел и во светот на глумата, и дека имал улоги во музички спотови на познати пејачи, што дополнително го привлече вниманието на јавноста откако се дозна дека се во врска, а потоа и во брак со Теа Таировиќ.

Покрај појавувањето во видеа, сега се дозна дека публиката веќе имала можност да го види во популарната домашна серија „Тајната на лозата“.

Вардај се обидел да глуми како статист, но денес е бизнисмен кој не сака да се експонира јавно.
фото:Instagram printscreen/ tea_tairovic




