ТВ водителката Александра Илиевска е активна на социјалната мрежа Инстаграм каде редовно споделува моменти од приватниот живот и такви поврзани со работата во утринската програма на Канал 5 телевизија.
Водителката без сомнение обожава да биде пред камера, па е подготвена во било кој момент од денот да се снима и фотографира, но и да се снајде ако случајно се затече во незгодно, баш како и овој пат.

Имено, деновиве времето е непредвидливо, еднаш врне, па сонце грее, а Александра токму поради тоа се најде во небрано на отворено.
Водителката додаде еден интересен детаљ на главата, за среќа и се најде при рака и докажа дека не му се плаши на дождот, туку напротив се докажа и во снаодливоста.

Можеби во живо случајните минувачи баш и не ја препознаа, но затоа Александра сподели пред јавноста, дека навистина била таа во трка со борбата за опстанок, на фризурата секако.

Средената и фенирана коса за следниот ден пред камера во раните утрински часови никако, дури и на врнежлив ден не смее да трпи, а кога стигна дома и ја тргна кесата…

Тогаш можеше да здивне, секое влакно беше на свое место, а Александра беше подготвена за првото добро утро пред камерите.
фото: Instagram printscreen/aleksandra_panovska_ilievska




