Познатата македонска фолкерка Сузана Гавазова редовно покажува зошто е една од најсексапилните личности на домашната сцена.
На својот Инстаграм профил, таа секогаш знае да почести серија жешки фотографии кои веднаш ќе привлечат огромно внимание. Со ваквите провокативни снимки, струмичанката не само што ги воодушевува обожавателите, туку најверојатно во приватното сандаче за пораки добива доста комплименти за својот завиден изглед.

Длабоки дколтеа, припиени фустани, оние што откриваат повеќе гола кожа и ја будат фантазијта, бројни бикини изданија за влажни погледи од бујните облини…

Гавазова едноставно умее да доминира кога е провокацијата во прашање.

Арно ама, таман кога очекувавме почеток на „жешка фото серија“ кога веќе летото ни е пред праг, Сузе и тоа како не изненади со едноставноста и одмереноста.

Облечена во минималистичко класично комплетче од сако и широки панталони, додуша иако во тренд, за неа, односно за нејзиниот сензибилитет и она во кое сме навикнале да ја гледаме и ја доживуваме, ова беше тежок моден преседан.
Од неа очекувано беше се’, ама не и ова… Кој би рекол дека Гавазова ќе ја видиме ваква?!

Веројатно тргна на место каде требаше да биде поофицијална, па мораше и да се стокми вака…што не беше нималку грешка за тоа како и прилега.
Една жена во својот плакр мора да има се’ она што го наложува стандардниот дрес – код, па дури и Сузе, секако кога не е на сцена и во сопствена режија на расположението.
Како ви се допаѓа ваква?
фото:Instagram printscreen/suzanagavazova






