Радио Милева влез во финале

Македонскиот Здравко Чолиќ од Куманово во борба за титулата победник во „Никогаш не е доцна“

Македонскиот Здравко Чолиќ од Куманово во борба за титулата победник во „Никогаш не е доцна“

47 годишниот кумановец Виктор Димитриевски влезе во финалето од тековната сезона на популарното регионално шоу „Никогаш не е доцна“ кое е пред самиот крај до избор на победникот.

Местото во финалето Виктор го освои со убедлива победа на гласањето на Фејсбук кое траеше претходните 24 часа.

Дури седум кандидати беа во трка за да одат во големото финале, а публиката со своите гласови одлучи дека Виктор ќе добие шанса да се бори за победа во финалето на популарната шоу- програма.

-Драги мои пријатели, ви благодарам на сите што ме подржавте, гласавте, споделувавте!
Ни еднаш во животот не сум имал ваква поддршка!
Среќен сум што ве имам!
Се гледаме во финале!- напиша тој на својот Фесбук.

Виктор Димитриевски освои дури 37,4 проценти од гласовите на публиката и со тоа ја остави конкуренцијата далеку зад себе. На второто место се најде Ибро Милкиќ со 17,2 проценти гласови, додека Станко Мустафовиќ беше трет со 12,4 проценти поддршка.

По нив следуваат Владимир Јованов со 10,9 проценти гласови, Славка Франчуски со 10,6, Оливера Чеха со 9,2 проценти, додека Зоран Лукиќ освои најмалку гласови, со 2,3 проценти поддршка од публиката.

По неизвесна трка и одличен одѕив од гледачите на социјалните мрежи, познато е дека уште едно име ќе се најде во финалето, каде што се очекува Виктор Димитриевски да се бори за титулата победник на оваа сезона од натпреварувањето „Никогаш не е доцна“.

За потсетување, во текот на изминатите месеци, жирито не ретко беше наклонето кон талентираниот кумановец, а во една прилика Кики Лесендриќ истакна дека Виктор го воодушевил со  интерпретацијата.

–Ме потсети на македонски Здравко Чолиќ, на големиот пејач Драган Мијалковски. Честитки, прекрасна песна, нè врати во минатото – рече Кики тогаш.

Големото финале на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ (11-та сезона) е закажано за 21-ви јуни 2026 година.

Стискаме палци за уште една македонска победа!

фото:Instagram printscreen/nikadnijekasno_official/facebook/ Viktor Dimitrievski

To top