Радио Милева со надеж и добра мисла

Македонската фолкерка постоперативно се огласи од болница: „Забрането ми е да зборувам“ (фото)

Македонската фолкерка постоперативно се огласи од болница: „Забрането ми е да зборувам“ (фото)

Деновите со неизвесност, надеж и мисла за подобро утре кога здравјето е во прашање, не засегнале сите, лично или за драги личности во животот. Такви денови живее фолк пејачката Адријана Ацевска која преку Инстаграм откри дека е во болница, правела операција и постоперативно сакаше да се заблагодари на сите кои и понудиле помош. Наедно, Адријана појасни и дека здрасввената сотојба и е стабилна по операцијата на гласни жици.

-Како изгледа совршена жена? Слика има тон нема… ете така јас во нареден месец… Не ми ѕвонете на тел, буквално ми забранија да зборувам ама затоа можам да пишувам. Нареден месец продолжуваме кај што застанавме и уште појако…до тогаш…на пауза сум. Посакајте ми среќа, напиша Адријана.

Кога ќе се каже операција и легнување под нож и тоа за интервенција на алатот кој е примаерен од она што таа го работи, тогаш надежта за се’ да излезе на добро е прва мисла и молитва.

– Петем, бев оперирана полипи на гласни жици…не е страшно ќе помине брзо…ви благодарам на сите за понудената помош…среќна сум што ве имам и во вакви моменти кога во сите пораки кои ги добив, а има многу каде стои „во секое време што и да треба само ѕвони“. Сфакам дека се уште постојат луѓе! А за докторите и сестрите едноставно немам зборови! Ова е она што ми е мото во животот, на сите ви посакувам да имате она што не се купува со пари! Благодарам од срце!- пишува пејачката.

Со добра мисла до брзо закрепнување и со лесно до песна!

фото:Instagram printscreen/ adrijana_acevska

To top