Уште оддамна пишувавме дека талентот за било која уметност е дарба од Бога, арно ама тој талент, таа дарба сигурно не паднала туку така сама од небото, туку многумина ја наследиле од некого од потесното или поширокото семејство.
Мартија Станојковиќ која деновиве е актуелна со нејзината нова песна „Анатомија“ уште еднаш потврди од кого тоа малечката убавица го наследила и изгледот, ама и талентот за пеење и владеење на естрадната сцена? На оние што ја познаваат и неа и семејството веројатно им е познато на кого се метнало девојчето… Останатите што не знаеа, сега дознаа, а оние пак што знаат, имаа нова прилика тоа да си го потврдат. И тоа со факти, црно-на бело, на дело!
View this post on Instagram
Мартија е особено блиска со нејзината мајка Снежана која како сенка во чекор ја следи, поддржува и финансира… нејзината кариера. Често се една покрај друга, како што тоа го прават две најдобри другарки, па заедничките моменти неретко знаат и да ги овековечат со видеа и фотографии. И кога пејачката се подготвува за настап, и кога настапува на сцената, а и приватно.
Арно ама, сега јавноста има ретка прилика, да ја види обратната ситуација… Кога мајка Снежана се спрема, а Мартија тоа го снима. А кога Снеки е пред огледалото и одразот во него „збудалува“ од адреналинска возбуда.
Како и не би, кога променета во кусо црн шорц налик на мини фустанче, седната онака на столчето „подраширена“ во „Шерон Стоун поза“, додека ја разубавува својата физиономија мајка Снеки ја слуша „Анатомија“.
Но, тоа не е ништо, зашто главната возбуда допрва следува, откако Снежана онака стокмена, дотерана и нашминкана, ќе стане од столицата…
Е дури тогаша онаа што ја родила Мартија се претвора во „најкул мама“ за неа… За сите останати во дива тигрица, со секоја нова поза…
Качена на високи потпетици, во својот секси спортски аутфит, Снежана е вистински заводлив женски шармер…
И пред огледалото, а и кога не е пред него Снеки е налик на кумановска Тина Тарнер!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/stanojkovicsnezana70/martijastanojkovic