Марија Луиса Тодоровска уште еднаш покажа дека е голема мајтапџика. Кога некој ќе и „влета пред нишан“ пејачката никого не штеди, па дури ни мајка и, која уште еднаш и беше добредојдена за шеговита забава по дома.

Имено, жената и дојде на гости од Битола во Скопје на пејачката, за да ја посети, да види како е – што прави, нешто да не треба да и помогне, да и зготви, спреми, испере, зачисти… И секој нормален би рекол браво, секоја чест, тоа е вистинска мајка, што всушност и не е далеку од вистината. А таква мајка треба да се чува како капка вода на дланка.

Арно ама, Марија Луиса Тодоровска на дланка чува нешто сосема друго. Нешто што мајка и’ ја „вади од папучи“ и толку многу ја иритира и нервира, што на жената доаѓањето на гости кај ќерката и преседна.

Имено, Марија има најнов домашен миленик, глодар налик на полско глувче, попознато како хрчак.

Но, мајка и глувци не сака да види, а камо ли да ги чува… Оти за жената тие се гнасни! Таква и е перцепцијата и тука нема лутиш! Само што во овој случај таа се налути кога ќерка и Марија Луиса се обиде да и го подаде белото глувче да го подржи в раце.
Жената само што и дојде на гости на ќерка и во Скопје, веднаш посака што побргу да си го фати автобусот назад за Битола… Затоа што според неа, Марија, чува „гнасотија“!
Дијалогот помеѓу пејачаката и нејзината мајка се одвиваше додека ти беа седнати на двете страни на троседот, а Марија кришум го снимаше разговорот… Кога мајка и ја забележа, само едно посака – да и го скрши Ајфонот!

Као изгледаше домашната „хрчак забава“ со „шеговито препукување“ помеѓу пејачката и нејзината мајка, погледнете од видеото што Марија Луиса го споделила на своите Инстаграм приказни…
Фото/Видео: Инстаграм/luisa.todorovska






