Радио Милева на продолжен меден месец

Љупка Митрова продолжува јавно да ја споделува и љубовта и раскошната телесна убавина: „Септември, јас и ти… и голи гради за влажни погледи“

Љупка Митрова продолжува јавно да ја споделува и љубовта и раскошната телесна убавина: „Септември, јас и ти… и голи гради за влажни погледи“

Иако тазе мажена, струмичката инфлуенсерка, модел и горда сопственичка на сопствениот моден бренд насловен по презимето на семејната лоза „Митроф“, не зна да застане. Септември за многумина е почеток на нова училишна година за децата, почеток на нови работни обврски, нова сезона за многу нешта, а за неа по се’ изгледа само продолжен меден месец.

Иако есента е на прагот, летото календарски, а и временски се’ уште не се дава и добро служи, па атрактивната убавица со својот нов сопруг не пропушта да им се препушти на продолжените летни задоволства. Гламур, раскош, изобилство, за што посилен впечаток и комплетно задоволство…

Егејот како нејзина омилена, а и најблиска дестинација , речиси комшиска до родната Струмица и продолжена тазе брачна романтика за двајца. На копно, вода, глисер или јата, сеедно… Важно е да биде убаво, опупштено и возбудливо! И то во секој поглед!

Здрав живот во изобилство, морски плодови од морето, витамин Де од сонцето, јужно овошје и понекое зрно слатко грозје.

Можеби има премногу шеќери, ама кога обилно го трошиш она што го внесуваш, се е дозволено… та било грозјето и солено!

А после гастрономското уживање, кога си на вакво место и во вакво друштво, многу извесно, да не речеме сто посто, следи и поинакво задоволство!

Запалената пура впрочем, најмногу оди по јадење и после… љубовно уживање!

Останатото веројатно не е за јавност. Деталите остануваат во доменот на личната интима. Она што е евидентно од прикажаното, е тоа дека за Љупка Митрова ниту имало, ниту ќе има зима!

Едноставно расната струмичанка продолжува јавно да ја споделува и љубовта со новиот сопруг и раскошната телесна убавина: „Септември, јас и ти“… И голи гради за „влажни машки погледи“!

Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova

To top