Атрактивната инфлуенсерка, модел и однеодамна горда сопственичка на сопствен моден бренд, Љупка Митрова не престанува да шокира.
Оддамна е евидентно дека сексапилната струмичанка дома тешко се прибира, па и во лето и во зима некаде ужива. Повеќе е на пат, отколку во родната Струмица, а дестинациите ги менува како долна облека.
Дома кочан ладно, а таму каде што е замината сонцето ја милува природата… Деновите не се ниту студени ниту сиви на егзотичните Малдиви, туку облеани со сонце, опкружени со цвеќиња, зеленило, песочна плажа… Со еден збор рај, исполнет со љубов и среќа.
Токму во сето ова атрактивната струмичка убавица неизмерно ужива и тоа најчесто разголена, споделувајќи фрагменти од нејзиниот престој во оваа божествена оаза на задоволства.
Денот исполнет со активности кои ја милуваат душата, релаксираат телото, опуштаат умот… А Љупка во секоја пригода изгледа како модна дива на егзотична дестинација во некој еротски едиторијал. Впрочем како што самата вели, модата е нејзина страст, а нејзината секспилна појава пак е страсна возбуда за многумина… Всушност за секој вистински маж!
Само еден поглед на расната струмичанка во црниот фустан за плажа сплетен од крупна плетка и веќе имате повеќе од возбудлива глетка. Особено кога во него Љупка ќе се издигне од водата на работ од базенот, каде можеби нема ни да ги забележите широката насмевка и белите бисерни заби, зашто здивот, како и погледот застанува на нејзините бујни, цврсти силиконски гради, додека низ плетените цветови како крупни трепавици срамежливо ѕиркаат набрекнатите брадавици.
Седната на работ на малиот куќен базен, свртена со грбот кон објективот, струмичката убавица одново ви го одзема здивот додека низ крупниот дезен доминира нејзинта извајана задница, како најистакнат дел од нејзините раскошни облини и во неа длабоко потоната тангата на гаќичките од зеленото бикини!
Она што возбудата ја прави пуштена на најсилно е исто толку скокотливо, но и мистериозно.
Имено, додека Љупка топлес ги споделува топлите млазеви вода под тушот, прекривајќи ги бујните гради само со по еднен мал букет со цвеќе, очигледно е дека под леопардовото парче ткаенина преку нејзината половина, бикините на неа ги нема веќе.
Но, затоа го има она или поточно оној, што уште летово оние што не ја познаваат одблизу и нејзините следбеници ги остави во прашалници, а сега дополнително ги шокираше!
Кој е мажот кому Љупка Митрова топлес, онака разголена и озгора и оздола му оди во прегратка? И тука нивната близина не завршува, зашто по прегратката и бакнеж уста в уста следува!? Еден бакнеж, прашалници рој?
Човекот е очигледно оној истиот „мистериозен маж“ кому струмичката инфлуенсерка и модел летово му седеш в скут, па така несомнено блиски и расположени, разменуваа погледи и насмевки…
Овој пат прегратки и бакнежи на поинаква локација и на нова дестинација!
И тука одново тргнуваат муабетите полни со нагаѓања, претпоставки, дилеми, озборувања… Кој е човекот со кој атрактивната струмичанка е толку блиска?
Едни велат дека тоа е нејзиниот татко, струмичкиот бизнисмен Горан Г’на Митров, на кого навистина мажот неодоливо личи и потсетува, а пак други се убедени дека ова е неодамна спометата сродна душа во која е вљубена, која физички неодоливо потсетува на нејзиниот татко, со кого ионака атрактивната струмичанка е мошне блиска?!
Само оние што одблизу добро ги познаваат – се смеат и забавуваат со фотографиите и видеата на Љупка Митрова, уживајќи во „шокот од љубопитноста“ што Љупка и го приредува на јавноста!
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova