Атрактивната струмичка инфлуенсерка и модел Љупка Митрова не престанува да изненадува. само што овој пат изненадувањето го доведе до состојба на шок, откако на јавносата, а особено на своите следбеници на социјалните мрежи им го приреди токму тоа – шок… И тоа двоен!
Имено, општо познато е дека згодната инфлуенсерка дома не се прибира, особено – не летово, кога повеќе беше на пат, отколку во родната Струмица, а дестинациите ги менуваше како долна облека.
Токму од едно од нејзините летни морски патешествија, атрактивната Љупка споделила серија нови фото и видео спомени. И тоа возбудливи колку и самата таа, на непозната локација на која е направена споменатата серија фотографии и видеа. На нив сексапилната убавица на глисер и тоа топлес!
Пловилото укотвено во мала карпеста увала, а Љупка позира на „клунот“… Во цветни танга бикини со карнери од страна, расната инфлуенсерка со огромна сламена шапка на главата, најпрвин свртена со грбот го покажала она највозбудливото и најпривлечно, од сиот телесен раскош што го поседува – убавата извајана задница! Овој пат исончана во тон со целиот тен на нејзиното тело!
За потоа седната на предниот дел од пловилото одново да позира топлес.
Само сега свртена со лицето кон камерата, но, голите гради на убавицата, можете само да си ги замислите под покривот на шапката.
И уште шокот не стивнал, а возбудата не спласнала, кога Љупка Митрова одново дополнително ќе ве шокира… Овој пат во истото смело издание, само не сама, туку во машко друштво!
Инфлуенсерката својот морски топлес пејасаж, го пресликала „во скутот“ и прегратките на „мистериозен“ маж!? Двајцата несомнено блиски и расположени, разменуваат погледи и насмевки…
И веднаш потоа тргнуваат муабетите полни со нагаѓања, претпоставки, дилеми, озборувања… Кој е човекот со кој атрактивната струмичанка е толку блиска?
Едни велат дека тоа е нејзиниот татко, струмичкиот бизнисмен Горан „Г’на“ Митров, на кого навистина мажот неодоливо личи и потсетува, ама сепак… Оваој изгледа некако послаб и со тетоважи на телото.
Други велат дека и е близок роднина од семејството, трети пак се убедени дека Љупка си нашла сродна душа во која е вљубена, која физички неодоливо потсетува со нејзиниот татко, со кого ионака атрактивната струмичанка е мошне блиска, како „татина ќерка“!
Оние што пак добро ги познаваат – се смеат и забавуваат со фотографиите и видеата на Митрова, уживајќи во „шокот и љубопитноста“ што Љупка на јавноста и го приредува!
Фото и видео: Фејсбук/Goran Mitrov G’na и Инстаграм/ljupka_mitrova