Откако стана горда сопственичка на модната линија „MITROFF“, познатата струмичанка Љупка Митрова е присутна во медиумите и социјалните мрежи повеќе од кога било.
Покрај многуте модни едиторијали, патувања и разни луксузни доживувања, деновиве Љупка се пофали и со ново „Порше Кајман“ чија цена на пазарот се движи околу 100 илјади евра, а истото го доби како подарок за Денот на вљубените од својот сакан.
Кога веќе тргна со покажување на големите бројки, Љупка сакаше да се пофали со милионите, се разбира не така транспарентно за салдото на сметка, туку таквите на Инстаграм.
И тоа не еден милион, туку 11 милиони прегледи за позадината на Љупка која во 2017 година позираше како модел за потребите на еден моден бренд.
Пребројувањето се уште трае и ќе трае… на Љупка и се може, па дури и кога ќе ти сврти грб како во случајов.
фото:Instagram printscreen/ljupka_mitrova