Радио Милева возбудлива дилема...

Љупка Митрова добро знае дека од неа сама, нема подобра за на реклама: Под ваков фустан нема потреба од долна облека или тоа само така изгледа? (ФОТО)

Љупка Митрова добро знае дека од неа сама, нема подобра за на реклама: Под ваков фустан нема потреба од долна облека или тоа само така изгледа? (ФОТО)

Откако кон крајот на 2024-та го отвори својот сопствен моден бренд, Љупка Митрова речиси целосно и комплетно му е посветена. Струмичката инфлуенсерка, некогашна модна блогерка и модел максимално се труди секој дел, секое парче што го носи нејзиниот заштитен знак да биде внимателно истретирано, а со самото тоа и достојно изрекламирано.

Решена да го спои убавото со корисното, сексапилната убавица  во сето тоа постојано наоѓа начин како да се вметне себе си. Зашто Љупка Митрова добро знае дека од неа сама, нема подобра за на реклама… Се разбира на сопствениот бренд, на кој сопственичката му е најдобриот „френд“!

Впрочем, а зошто и да не, кога веќе поседува и телесни квалитети и врвни атрибути за она што сака да го постигне да биде врв. Супериорно, модерно, свечено, елегантно, провокативно и интригантно, каква што впрочем е и самата таа…

Токму затоа моделот што го облекла на себе како лајт мотив на модниот едиторијал во кој не знаеш кој е повозбудлив материјал, дали она што го носи на себе или онаа на која тоа е облечено, изгледа повеќе од  возбудливо и свечено. Како и не би, кога сексапилната струмичанка знае и како да го носи и како да се позиционира додека заводливо позира во моделот,  тукушто зачекорена во нова 2025-та!

Малиот бел домашен миленик на дар за нежен допир на  белото меко крзно на мазната кожа на нејзиното голо тело…

Само како почеток на она што следува, а е уште посмело.

Елегантно-еротското свечено парче, модел кој е толку смел што се’ под него наговестува, а сепак ништо експлицитно не се гледа ниту забележува… Освен можеби две нешта кај телесно надарената Љупка, кои возбудата ја прават уште посилна и попримамлива, како магнет кој се’ околу себе привлекува.

Додека стилистите ги подготвуваат нејзината фризура и мејкап, а таа позира, низ мноштвото процепи евидентни се само две работи.

Дискретните тетоважи на поедини чувствителни места на нејзиното голо тело и секако она што кај многумина остава впечаток кој буди само една дилема: Дали  под ваков фустан нема потреба од долна облека или тоа само така изгледа?

Дали сексапилната струмичанка под него не носи гаќички или Љупка тоа го извела така умешно и тактички за љубопитните намерно да ги заскокотка и возбуди, оставјќи ги во прашалници?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Фото и видео: Инстаграм/mitroff.official

To top