Радио Милева се огласи

„Љубов и во тишина“: Виктор Живојиновиќ испрати емотивна порака откако Брена го скрши зглобот на настап (фото)

„Љубов и во тишина“: Виктор Живојиновиќ испрати емотивна порака откако Брена го скрши зглобот на настап (фото)

Виктор Живојиновиќ на својот Инстаграм профил сподели објава во форма на приказна која, без сомнение, никого нема да остави рамнодушен.

Пејачката Лепа Брена доживеа незгода  на 9 декември за време на нејзиниот трет концерт во Загреб, кога еден член на тимот падна врз неа.

Во таа прилика таа се здобила со скршеница на зглобот на глуждот, поради што и била итна операција.

Два дена по операцијата Брена бe[e пуштена на домашно лекување, а нејзиниот долгогодишен член на бендот и пријател Зоран Кики Чаушевиќ со џип ја возел од Загреб до нејзиниот дом во Белград.

По пристигнувањето во семејниот дом, пејачката се огласи на мрежите и откри дека се чувствува добро и дека членовите на нејзиното семејство добро се грижат за неа.

Синот на Брена и Боба, Виктор Живојиновиќ сега за прв пат се огласи на својот Инстаграм профил по несреќата што ја доживеа неговата мајка.

Имено, еден од фан-профилите на пејачката објави нејзина слика од настапот со емотивни зборови, кои младиот Живојиновиќ веднаш ги сподели на своја сметка.

– Еден глас на сцената, илјадници срца обединети во светлината. Љубов која се чувствува, дури и во тишина – пишувало во соопштението.

фото: printscreen/instagram

To top