Радио Милева холивудски ѕвезди

Леонардо ди Каприо откри кој му е омилен актер на сите времиња: Тој е легенда што сите ја сакаат

Леонардо ди Каприо откри кој му е омилен актер на сите времиња: Тој е легенда што сите ја сакаат

Малку холивудски ѕвезди можат да се пофалат дека соработувале со толку многу актерски великани како Леонардо ди каприо. Во текот на кариерата што трае повеќе од три децении, тој соработувал со речиси секое големо име во филмската индустрија. 51-годишниот добитник на Оскар откри дека неговиот „омилен актер на сите времиња“ бил една од првите легенди со кои имал можност да соработува. 

Пред да се прослави со улогите во „What’s Eating Gilbert Grape“ и „Romeo + Juliet“, Ди каприо го доби својот прв голем пробив како тинејџер во драмата „This Boy’s Life“. Токму на тој сет соработуваше со еден од најпочитуваните во индустријата – Роберт Де Ниро.

„Имав 15 години и се сеќавам на секој детаљ. Сè беше толку ново за мене“, се присети со ентузијазам ди каприо на средбата со својот идол. Се испостави дека токму Де Ниро лично го избрал за улогата, со што започна кариерата на младиот актер која трае повеќе од 30 години и го рангира меѓу најбараните холивудски ѕвезди.

Ди каприо не само што ја доби улогата, туку и непроценлива лекција за глума, учејќи го занаетот од човекот чиј стил првпат ја шокираше публиката во култниот психолошки трилер на Мартин Скорсезе „Таксист“ од 1976 година. „Гледањето на Роберт Де Ниро на снимањето, гледањето на неговата посветеност, беше едно од највлијателните искуства во мојот живот“, изјави Дикаприо за „Тајм аут“.

Foto: print screen/Instagram/

To top