Радио Милева еве кој излегува од игра...

Кратко, јасно и едноставно: Ова е главната причина поради која Лила не би сакaла некого (фото)

Кратко, јасно и едноставно: Ова е главната причина поради која Лила не би сакaла некого (фото)

Пролет, лето есен, зима, температури во минус или плус, сосема неважно за нашата позната ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска која во време на празници и снежна идила сигурно не седи дома.

Веќе и птиците на гранка знаат дека Лила душа би дала само да биде на некоја примамлива и атрактивна дестинација, макар и по којзнае кој пат, само најважно да и прави мерак, а меракот пуст од голем поголем, ма најголем.

Во овие идилични празнични и снежни денови Лила веќе го избра убавиот ски-центар Копаоник каде снежната забава гарантирано е на ниво, ама и таа го држи истото со тоа што добро знае што сака, каде сака да биде, во чие друштво и секако со каква инфлуенсерска соработка, а тоа нормално веќе позната и провернерна.

Откако го проба се’ она што го нуди хотелот, ја густираше забавата, снегот или сите нешта кои пружаат задоволство, Лила како и секогаш ги сподели сите нови фотки, ама и резимираше една суштествена работа на која акцентираше во описот од приложеното, а во истото вели:

-Луѓето ги засакувам поради начинот на кој се однесуваат со мене, поради тоа воглавно и престанувам да ги сакам!

Кратко, јасно и едноставно, да биде разбирливо за сите кои ги сака, ги отсакала, а и сите други кои би можеле поради оваа причина да „излезат од игра“.

Правилата се јасни, пораката беше читај меѓу редови или чисто потсетување, неважно… Остро и децидно веројатно за Лила е полесниот пат од животната игра.

фото: Instagram printscreen/lilafilipovska

To top