Радио Милева „специјална“ едиција

Колку и да „боли“, ова е вистината за жените на Балканот, а на Сергеј му „пука душата“: „Уфф, морав!“

Колку и да „боли“, ова е вистината за жените на Балканот, а на Сергеј му „пука душата“: „Уфф, морав!“

Тој нема „влакна на јазикот“ за никој и за ништо кога модата е во прашање, а тоа е така зашто му се може.

„Поткован“ и тоа како со знаење за се’ околу тоа што се случува во светот на модата, од она безвременското, до тоа што е „ин“ и „аут“, како за жени, така и за мажи.

Она што најмногу го иритира окото на Сергеј Варошлија, тој никогаш не се штеди да го каже и да укаже. Па така, колку и да „боли“ вистината, Варошлија без задршка ќе „испука“ за да не му „пукне душата“, а засегнатите, сакале прифатиле или не, дури и да проработела аверзијата – сеедно!

Овој пат, Сергеј налета на една фото илустрација на Инстаграм, која никако не можеше, а да не ја сподели и да покаже каква е реалноста од изборот и праксата на балканските жени, а него и тоа како го ужаснува.

Иако повеќето би рекле дека не би носеле облека од „втора рака“, сепак преферираат да имаат на себе „фејк“ парчиња со испишани имиња на познати брендови, само за да носат она што го носи секој,  и  да бидат „модерни“.

Генерално, конформизмот е главната и примарна одлика која се провлекува кај мнозинство, додека индивидуалноста, макар и комбинирана со базични парчиња, е се’ помалку присутна.

Реалноста е таква, колку и да не ни се допаѓа, повеќето би избрале на пример лош филер во уста само за да биде волуменозна, а би носеле и лоша копија на чанта „Москино“ и крзнени влечки ала „Фенди“ кои се далеку од луксуз.  Секако ова не е задолжителен („must have“), но e многу поблизу до безличност.

фото:Instagram printscreen/varoshlijasergej

To top