Радио Милева „подалеку од мојот профил“...

Кој толку ја изнервира или повреди Мелита за јавно да му се обрати: „Кукавици безмозочни, глас да не ви чујам“ (ВИДЕО)

Кој толку ја изнервира или повреди Мелита за јавно да му се обрати: „Кукавици безмозочни, глас да не ви чујам“ (ВИДЕО)

Познатата македонска трендсетерка и екс ТВ водителка Мелита Ракичевиќ е една од оние познати личности што Инстаграмот го користи многу повеќе лично за себе, отколку за инфлуенсерски активности.

Ретко же бидите дека мелита нешто рекламира, а секојдневно на нејзиниот профил на оваа социјална мрежа како и на нејзиниот ТикТок ќе облее нов наплив од видеа и фотографии  во кои таа ја споделува својата убавина, телесниот раскош, еротските фантазии… И уште дузина други моменти со кои своите , особено машки следбеници знае да ги заинтригира, испровоцира, а Бога ми и возбуди!

А Мелита без оглед на тоа што можеби не е во младешки години и тоа како има што да понуди. Постојано подготвена за промени и акција, во секоја нова објава има доволна доза на провокација без оглед дали е таа еротско- телесна, односно визуелна или вербална.

Зашто покрај фотографиите и нејзините видеоклипови, расната скопска убавица неретко знае да биде провокативна и во свите постови и вербални изјави.

Токму една таква Мелита споделила на тема „лажни пријатели“, а всушност се  работи или за дволични луѓе, или за оние другите, скриени кукавици зад параванот на социјалните мрежи. Епа токму ним таа ќе им се обрати… На оние што и се правеле најблиски, а всушност само глумеле заради некаква полза, а потоа од чиста завист преку ноќ исчезнувале, или оние другите „скриени анонимуси“ кои својата злоба ја покажувале низ своите коментари.

Во целата оваа „езотерија“ пред да стане “егзотерија“ единствено остана мистерија кој(а) толку ја изнервира или повреди, за Мелита за јавно вака да се обрати?

Фото и видео: Инстаграм и ТикТок/melitameli

To top