Марија Луиса Тодоровска е на пат повеќе да не биде естраден феномен… Феноменот да си толку платена, без ниту една своја снимена песна, деновиве полека заминува во естрадна историја, зашто најбараната клубско-кафеанска пејачка, која се стекна со епитетот „кралица на бакшишот“ го сними нејзиното првенче поткрепено со видеоспот кој деновиве се појави.
Или што би рекле жаргонски, Марија Луиса Тодоровска по втор пат „ја загуби невиноста“, само сега онаа музичката, со својата прва авторска песна насловена „Печат во срцето“, која пејачката бомбастично ја најави: „Кој сака да ме види гола, нека кликне на линкот“!
Привлечна, пожелна, секси, оваа провокативна битолчанка до сега беше позната исклучиво по своите изведби на туѓите песни, домашни и регионални, а отсега Марија Луиса Тодоровска има и своја. Една, ама вредна и да се недеваме прва – ама не и последна!
Заводливата и чешита пејачка стана општо позната по порно аферата од домашното или поточно хотелското еротско видео, а како одминуваше времето разголувањето и стана дополнителна активност за што поголема возбуда на своите следбеници на социјалните мрежи, кои се и нејзина потенцијална публика. По принципот, колку се повозбудливи разголувањата, толку се поголеми шансите тие да и дојдат на настапите и гостувањата, Марија Луиса полека но сигурно го откриваше најдоброто од себе.
Од дискретна еротика на гола кожа, па се’ до „пиштол гола“ поза! Покажа речиси се’ од она што мајката природа и го дарила, а естетската хирургија го надоградила, како и она што го има трајно исцртано,испишано и ставено на себе.
Тетоважите на екстремитетите и телото…
…Пирсот на пупачето и меѓу градите…
…Бакнежот на га*ето…
…И „влажниот повик – наречен желба“ испишан над интимата…
За на крајот сето ова, пејачката сега „да го завери“ и со „Печат во срцето“!
Наслов кој го го носи нејзината прва песна која деновиве се појави. Нејзиното првенче кое би требало да и го „завери“ и почетокот на една нова кариера… Сопствена, своја, многу повеќе медиумски експонирана, понаку доживеана и примена кај нејзината веќе постоечка, но и во срцата на новоосвоената публика.
Или како што самата пејачка порача во најавата: „Некои работи се многу едноставни, кои ни го допираат срцето. Затоа што срцето има причини, кои логиката ги игнорира“!
Автор на музиката на песната е Борче Бока Димитров, теккстот е на Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги потпишува Роберт Билбилов. Песната е современ микс измешан со фолк и поп елементи, во кои помалку провејуваат и нотите на ориентот, со хитовски рефрен кој влегува во уво… Сосема доволно за првенчето да и ги отвори вратите кој следниот левел.
Видеото изработено од „Индустриал медиа“ зад кои стои проверениот мајстор Драган Ристовски – Дац, иако нискобуџетно, сосема солидно и доволно провокативно. Како и не би, кога Марија Луиса Тодоровска е мајстор на заведувањето, а уметноста на провокацијата и е второ име на пејачката. Доволно разголена, па дури и сосема гола, а дискрецијата сепак задржана, за да не биде вулгарна! Доволно за да ги заскокотка сите сетила, разбранува имагинацијата и еротските мечти на оние кои веќе се нејзини обожаватели, а и да придобие нови. Сето ова надополнето со одличниот мејк ап на охридскиот стилист Јован Кароски, прави првенчето на Марија Луиса Тодоровска да изгледа ем еротски, ем господски.
Фото: Инстаграм и Јутјуб/luisa.todorovska