Радио Милева штикли место патики...

Кога Љупка Митрова по неа ќе зачекори и подвижната фитнес лента знае да успори, за што подолго уживање во глетката… и однапред и одзади (ВИДЕО)

Кога Љупка Митрова по неа ќе зачекори и подвижната фитнес лента знае да успори, за што подолго уживање во глетката… и однапред и одзади (ВИДЕО)

Откако  ги шашардиса згребските пургери кога ненадејно се појави и прошета низ центарот на хрватската престолнина, Љупка Митрова фати џаде на нова дестинација.

Во меѓувреме атрактивната модна блогерка, модел и инфлуенсерка, реши да покаже нешто што другите не се осмелуваат да го направат или не им текнува, а можеби сметаат и дека е несоодветно. Но сексапилната Љупка и она што не е компатибилно, е неспоиво и навидум никако не оди, очигледно знае да го спои и прилагоди за да изгледа повеќе од привлечно возбудливо и симпатично и секако прагматично.

Навидум хир или „пре*ич“ – што би рекле скопјани, а всушност скриена реклама заради која се крена галама и во модните и во одредени бодибилдинг и фитнес кругови дека сексапилната струмичанка ја претерала премногу давајќи си на важност.

Имено, едни се изнасмејаа, други се изнервираа, трети воодушевија  откако Љупка на својот Инстаграм споделила видео на кое во облечена како за на љубовно рандеву, во црно, проѕирно деколтирано боди и исто такво здолниште, во елегантни сандали со високи потпетици, со чаша вино во раката, самаоуверено чекори качена на подвижната фитнес  лента во една теретана.

Глетка невообичаена и досега невидена, за која веднаш поединци шеговито искоментираа дека расната струмичанка всушност и е на тренинг, само за манекенка. Не тренира за да го обликува телото и зацврсти мускулите на екстремитетите, задникот или својата биста, туку Љупка вежба чекорење по модна писта!?

А таа онака со чашата в рака, толку самоуверено и сигурно чекори гордо гледајќи пред себе додека подвижната лента полека се движи, што остава впечаток како да е родена (за) на модна писта! Зашто она што на Љупка и поаѓа од рака во штикли, на други тешко им оди и во патики!

Елеганцијата во движење при секој чекор го потенцира телесниот раскош на расната струмичанка, која ја поттикнува возбудата што е евидентна уште на прв поглед. Срцето забрзано почнува да чука, а телото да трепери од нејзините секси кардио чекори!

Впрочем, кога  Љупка Митрова по неа ќе зачекори и подвижната фитнес лента знае да успори, за што подолго уживање во глетката… и однапред и одзади!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova

To top