Фолк пејачката Стојне Николова е гордост мајкина, а таа пак и повеќе од благодарна и среќна што ја има мајка си до себе во добро и во лошо.
Познатата струмичанка деновиве на социјалните мрежи изненади со објавата од најважната жена во нејзиниот живот – жената која ја родила, одгледала и денес е нејзина најголема поддршка.

Ако повеќето практикуваат да објават по некоја семејна фотографија најчесто со повод и причина, за Стојне тоа не беше случај.
Таа посака да објави една фотка заедно со мама нагласувајќи дека е благодарна на Бог што ја има до себе.

А од приложеното може да се види дека Стојне е слика и прилика на мама и само уште една јасна потврда од кого пејачката ја насредила убавината.
За потсетување, Стојне во неколку наврти има кажано дека доста млада го изгубила татка си, па таа, помладиот брат и мајка им си се најсилната поддршка еден на друг.
фото: Instagram printscreen/stojne_official






