Радио Милева кога доброто победува

„Кое дно!“: Александра Јанева револтирана од она што ја снајде на 1-ви Април- oва не е за шега, туку за плачење, ама крајот има сосема неочекуван пресврт (фото)

„Кое дно!“: Александра Јанева револтирана од она што ја снајде на 1-ви Април- oва не е за шега, туку за плачење, ама крајот има сосема неочекуван пресврт (фото)

Автомобил, превозно средство без кое многумина од нас не би можеле да се замислиме и да функционираме во секојдневието. Автомобилите се миленичиња на четири тркала за кои се грижиме, некои повеќе, некои помалку, но заедничко за сите е дека автомобилот ни е важен и не ретко ни е секојдневна тема на муабет.

Некоја анегдота од градски метеж, колку ни се нашол сопствениот превоз во дадено време, па и незгода која знае да не извади од памет, па дури и да е гребнатина.

За сообраќајната (не)култура на сите ни е познато на кое ниво е, а секојдневно на вести читаме и гледаме дека редовно сообраќајната полиција напишала стотина казни за брзо возење.

Брзањто кое стана редовна пракса, па дури и кога не постои за да го има, за жал стана рутина за повеќето, а тоа особено изразено во одреден дел од денот, кога се одиме и се враќаме од работа, врне дожд и секако кога паѓа ноќ.

А брзањето носи проблеми, особено сообраќајни. Токму тоа на Денот на шегата ја снајде пејачката Александра Јанева, која се пожали дека денот не и почна со смеа, туку со напнатост, тензија и нервоза која на крај резултираше со изгребан автомобил.

-Рано сабајле еден дечко со околу 30 години ми плукна преку прозор затоа што му свирнав, откако го чекав едно 10 минути да се разминеме затоа што пишуваше на телефон … Сега ова, нормално без да се остави бројче затоа што е срамно да кажеш некому извини, подобро и двете коли да се шетаат изгребани. Кое дно од сообраќајна култура, напиша Јанева во прилог на фотографијата од оштетениот автомобил.

Акумулираната негативна енергија ја испразни на социјалните мрежи, но она што следното утро ја дочека е вистински пресврт. Оној што и причини штета, оставил бројче на ветробранското стакло, а таа шокирана.

За крај заклучоокот е дека не секогаш нештата мора да ги гледаме како црни, светлината ќе се појави токму кога најмалку очекуваме, а од очекувањата во вакви случаи ни остана малку или речиси ич!

To top