Најбогатата старлета на светот Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на јавноста со своите провокативни фотографии. Секој чекор на ријалити ѕвездата е внимателно следен, што е случај и овој пат со нејзината нова објава на Инстаграм од плажа – секако жешка.
Таа сега сподели серија фотографии на кои позира во костим за капење на плажа и во вода на островите Туркс и Каикос. Ким со оваа објава ги покажа своите познати облини кои дополнително ги истакна со начинот на кој ги покажа. Она што многумина го забележаа е нејзината фантастична линија, исончаното и затегнато тело, како и рамниот стомак.
Очигледно е дека објавата на Ким им се допадна на следбениците, бидејќи за само неколку часа собра речиси милион и пол лајкови.
Познато е дека старлетата обожава да биде во преден план, а со разголените фотографии повторно се најде на мета на коментари во јавноста.
Да потсетиме, по разводот со Канје Вест, Ким уживаше во врска со познатиот спортист Бекам, но не Дејвид. Но, врската меѓу Ким и Одел пукна по неколку месеци. Ким почна да излегува со американскиот фудбалер во септември. Сепак, парот не е виден заедно од 11 март кога се појавија заедно на забавата за гледање на Оскарите на Veniti Fair во Лос Анџелес. Неодамна се шпекулираше дека на Ким „ѝ се допаднала идејата“ да има петто бебе со Одел, но MailOnline ексклузивно открива дека славниот пар се разделил. Извор потврди дека парот се разделил: „Во моментов не се гледаат“.
фото: printskrin/instagram/kimkardashian