Радио Милева ќе застанат пред камери

Ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ подготвени на крупен чекор

Ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ подготвени на крупен чекор

Ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се подготвени за голем чекор!

Бидејќи поп-дивата со години ги држи тинејџерките што е можно подалеку од медиумските драми, денес се случи вистинско изненадување кога на официјалната страница на „AmiG Show“ беше објавен прозорец со прашања за Ника и Атина Тошиќ, но и за нивната мајка Јелена.

– Наскоро ќе ги гледате Атена и Ника почесто, тоа е големо изненадување и целиот Балкан ќе биде среќен, особено жените – рече Карлеуша претходниот ден.

За потсетување, во една емисија, Јелена откри и детали од приватниот живот на нејзината постара ќерка што не ги знаевме.

Имено, зборувајќи за своите наследнички, Јелена се допре до темата за естетска хирургија, која тинејџерките на возраст на Атина почнаа масовно да ја применуваат со цел разубавување.

– Соученичките во класот на Атина веќе направија усти, носеви, носат мрежести чорапи, посетуваат естетски хирурзи – рече Јелена Карлеуша и додаде дека Атина никогаш не ја замолила да го направи тоа.

– Атина никогаш не побарала ништо од тоа, ниту јас би ѝ го дала – заклучи Јелена.

фото:Instagram printscreen/ karleusastar

To top