Битолското чупе, познатата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева преку едно домашно видео, ја воскресна песната „Крај“ преку емотивна изведба на пијано не звучела никогаш подобро.
Оние кои за првпат ја видоа зад клавишите беа апсолутено изненадени и восхитени колку таа вешто умее да отсвири, а дополнително и порачаа дека редно време е со овој „крај“ да се врати на старата Каролина од времето на ерата кога беше македонска поп принцеза.

-Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот. И, иако немам Тик Ток, сепак ве следам и уживам во вашите видеа- го дополни видеото Каролина.
View this post on Instagram
Инаку, песната „Крај“ беше објавена во 2009 година како дел од албумот „Капка под небото“, кој наедно е нејзин шести студиски албум.
Музиката е на Скај Виклер, додека македонскиот текст е на Весна Малинова Бабамов.
фото:Instagram printscreen/karolinagocheva




