Пред неколку дена во јавноста излезе преписката меѓу Северина и се уште законскиот сопруг на Јелена, Душко Тошиќ.
На социјалните мрежи сега се појави видео кога Јелена и Северина беа на истото место, на концертот на Саша Матиќ, каде и двeте беа негови специјални гости.
Северина стоела во ходникот кога поминала Карлеуша, по што и се обратила:
– Среќно – рече тогаш Северина на Карлеуши со насмевка на лицето.
View this post on Instagram
– Благодарам, пријатно – одговори некој од тимот на Јелена, додека пејачката целосно го игнорираше она што го кажа Северина, не ја ни погледна.
Јелена Карлеуша и Саша Матиќ на 8 март 2016 година го изведоа својот дует „Не смеам да се заљубам во тебе“, а Северина пред белградската публика ја отпеа песната „Море туге“ која првично ја изведе со Матиќ.
Инаку, Карлеуша не го коментираше претерано скандалот. Таа имаше краток коментар за наводниот флерт помеѓу нејзиниот сопруг и хрватската пејачка.
– Повеќе не ме интересира ништо поврзано со Душко – изјави Јелена Карлеуша за тамошните медиуми.
Душко Тошиќ признал дека имало преписка со Северина, а потоа ги открил и деталите, како и зошто стапил во контакт со пејачката.
Она што го привлече вниманието на сите е изјавата дека ја поканил на својата јахта да пее.
фото:Instagram printscreen/karleusastar