Јелена Карлеуша го полуде светот! Пејачката на социјалните мрежи објави видеа од луѓе од целиот свет како танцуваат на нејзиниот хит „Луцифер“. Таа ја покажа кореографијата додека се ладеше во базенот, за обожавателите на нејзиниот лик и дело на свој начин да танцуваат со неа.
Верзиите доаѓаат од целиот свет и ги снимаат и мажи и жени од сите возрасти. Во различни друштва, спортски сали, лифтови, автобуси – танцуваат на хитот на пејачката на најлуд можен начин!
Ова лудило не ја заобиколи ниту Србија, па младите ја споделуваат песната со најразлични верзии на сите социјални мрежи.
Љубителите на звукот, ритамот и интересната кореографија велат дека се воодушевени од тоа како Карлеуша ја изведе оваа кореографија, па се потрудиле и на најдобар можен начин да ја претстават својата верзија.
Пејачката е воодушевена од тоа како изгледа сето тоа, па објави дел од снимката на својот Инстаграм профил.
Новиот интернет феномен наречен „Луцифер“ се заканува да ги надмине хитовите како „Gangam style“, „Harlem shake“ и други кои го шармираат целиот свет по бројот на прегледи на YouTube.ж
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/karleusastar