Радио Милева штркот долета во семејното гнездо

Кај Тихомир Костадинов прво па машко: Репрезентативецот стана татко, Стефан го „засили“ семејниот тим!

Кај Тихомир Костадинов прво па машко: Репрезентативецот стана татко, Стефан го „засили“ семејниот тим!

Нема фудбал, нема натпревар, нема три бода… А сепак овојпат македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов има причина за славење која ги надминува сите спортски успеси!

Фудбалерот и неговата сопруга Моника станаа родители! Во нивното семејство пристигна најмладиот член – малото ангелче, нивното прво чедо кое го доби името Стефан.

И ако на зелениот терен Тихо е навикнат да дели асистенции и постигнува важни голови, ова дефинитивно е неговиот најубав и најважен „погодок“ во животот!

Радоста кај мама Моника и тато Тихо е огромна, а со доаѓањето на Стефан, очигледно е дека семејниот „тим“ доби ново засилување.

Останува само едно прашање – ќе трча ли Стефан еден ден по фудбалските стадиони по стапките на својот татко?

Ако гените си го направат своето, можеби по некоја година повторно ќе го гледаме презимето Костадинов на списокот на македонската репрезентација. Само овојпат наместо Тихо –  Стефан!

Разбирливо, честитките од најблиското семејство, другарите, пријателите и колегите упатени на на Тихо и Моника за најубавата животна радост не стивнуваат. На малиот Стефан сите, а и ние му посакуваме да е жив, здрав, среќен, успешен и безгрижно да расте, а на мама и тато им посакуваме многу радост и гордост што ќе им ја донесе наследникот во животот низ мноштво незаборавни моменти!

Инаку, Тихомир Костадинов е долгогодишен македонски репрезентативец и фудбалер на словачкиот клуб Словачко, каде што настапува во последните години.

Toj во 2022 година ја однесе девојка му на концерт на Coldplay во Варшава, Полска, каде што тогаш настапуваше за екипата на Пјаст Гливице.

За време на еден од хитовите на славниот бенд, Тихо ја запроси саканата на трибината, а веста ја соопшти со најактуелната шега во тие денови.

Костадинов и неговата поубава и понежна половина Моника стапија во брак на 31.05.2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiho Kostadinov (@tihokostadinov10)

Две години подоцна за прв пат се остварија како родители, а Костадинов вака ги прославуваше своите голови додека неговата сопруга беше во блажена состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chance Liga (@chanceligacz)

Првиот семеен „трансфер“ е реализиран, а семејното засилување е со бесценета вредност!

Фото: Инстаграм/tihokostadinov10

To top