Радио Милева убиствена опомена

„Јас само да кажам“: Марија Луиса Тодоровска гласно размислува дали да се однесува како богомолка после секс?

„Јас само да кажам“: Марија Луиса Тодоровска гласно размислува дали да се однесува како богомолка после секс?

Марија Луиса Тодоровска се врати од кусиот одмор… Беше на море, на Егејот, таму каде што ни е најблиску и најприфатливо летувањето од сите аспекти. Како што е редот на одмор не се оди сам, па пејачката тргана да летува со друштво, а друштво и правеше никој друг туку мајка и.

Ама, друштвото на мама не е доволно за дама во зрели години која има и поинакви потреби, па пред да замине на летување, веројатно имала блиска средба  „за одблизу да се поздрави“ со некого!?

Не е мажена, официјално ни момче нема, ама тоа  ништо не значи за денешниве модерни прилики, во кои со некого мораш да  „стапиш во акција“, чисто за да одржиш кондиција.

Така барем може да се заклучи од приложеното што пејачката го споделила, по што се наметнува една дилема: Или некој многу ја налутил со тоа што „после поздравот“ нигде го нема, не и пишал, не се јавил…

Или можеби ова е само мала „убиствена опомена“ за сите оние што се потенцијални кандидати во иднина да ја споделат интимата со пејачката. За случајно потоа да не им текне да исчезнат без трага!

Вака, Марија Луиса со „убиствено предупредување“ на време да си каже дека има намера да се однесува како богомолка после секс… За подоцна наместо ТАА да има стрес, подобро ТОЈ нека му ја мисли што го чека ако има намера само да… и да бега!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

 

To top