Радио Милева „кобни“ конфети

Јаков Јозиновиќ на еден од своите концерти за малку ќе завршеше фатално: Еден непромислен потег можеше да го чини живот, но за среќа се добро се заврши!(ВИДЕО)

Јаков Јозиновиќ на еден од своите концерти за малку ќе завршеше фатално: Еден непромислен потег можеше да го чини живот, но за среќа се добро се заврши!(ВИДЕО)

Во очекување на неговиот настап во Скопје на 9. април 2026 во СЦ Јане Сандански, деновиве на социјалните мрежи осамна едно видео од концертите на актуелната турнеја на новата регионална музичка ѕвезда Јаков Јозиновиќ.

На видеоклипот се гледа моментот кога младиот пејач среде концерт за малку можеше да заврши фатално.

@iva.pralija Jedan klasik #olivera @Jakov Jozinovic ♬ izvorni zvuk – iva.pralija


Имено, како дел од концертното шоу, во еден миг од плафонот почнал  да паѓа „снег“ од хартиени конфети кои требало да бидат своевиден сценскиот ефект. Во тој момент  Јаков со широко раширени раце ја  крева главата високо нагоре и во еден глас со многубројната публка продолжува да пее. И тогаш за малку да се случи вистинска трагедија…

Во еден момент една од парчињата конфеи му завршува директно во широко отворената уста и пејачот започнува да се дави и задушува… Се врти кон музичарите , пробува да ја искашла и дарамата трае неколку секунди… Но, за среќа конфетата не заглавува во душникот или грлото, па тој успева да ја исплука.

Иако се траело само неколку секунди, од видеото кое брзо се прошири на социјалните мрежи може да се види дека ситуацијата нималку не била наивна, па фановите во своите коментари изразија загриженост, но и им олесна што се’ помина без посериозни последици.  Јозиновиќ веднаш потоа продолжил со својот настап како ништо да не се случило.

@iva.pralija Na greskama se uci😅 #olivera @Jakov Jozinovic ♬ izvorni zvuk – iva.pralija

„Ова можеше многу лошо да заврши“, „Можеше да се задуши“, и „Ова е опасно кога се случува додека пееш“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи.

Ваквите сценски ефекти колку навидум да изгледаат сосема безопасни, се покажа дека знаат да бидат и ризични, особено кога уметниците пеат со подигната глава или се наоѓаат директно под местото од каде што паѓаат конфетите.

Фото и видео: ТикТок/iva.pralija

To top