Пејачката Аријана Гранде (30) се прошета на црвениот тепих за прв пат по четири години.
Таа на доделувањето на Оскарите пристигна облечена во розов фустан од дизајнерот Џамбатиста Вали.
Додека некои го пофалија нејзиното гламурозно издание, други имаа различни асоцијации со нејзиниот фустан.
GUYS I FOUND MY MISSING SCRUNCHIE AT THE #OSCARSpic.twitter.com/7SrHCFGBKm
— rie 𖤓 (@huntzberqer) March 10, 2024
„Изгледа како перница“, „Луѓе, го најдов мојат изгубен стегач за коса“, „Ова не изгледа добро“, напишале следбениците.
#ArianaGrande channeling her inner Glinda tonight 🫧 #LiveFromE #Oscars #Oscars2024 pic.twitter.com/vPRrozlIOV
— E! Entertainment (@eentertainment) March 10, 2024
Инаку, пејачката доби голем број хејтери поради романсата со колегата од серијата „Злобниот“ Итан Слејтер.
Гласините дека се во врска се појавија само неколку дена откако јавноста дозна дека Аријана се разведува од Далтон Гомез.
Фото: printskrin/Х /instagram/arianagrande