Храброста да се постигне личното внатрешно и надворешно задоволство од психо- физичкото здравје, ја натера и охрабри младата пејачка Ивона Јо да легне под нож и да го реши вишокот кожа и масти со липосукција. Освен тоа напрови и корекција кај подбрадокот, а за целиот процес кој го живее покажува јавно преку Инстаграм.
Сега поминаа неколку дена по интервенцијата во Турција, Ивона се чувствува добро, состојбата и е стабилна, а за резултатите по првата контрола таа е задоволна и полна со очекувања. Веќе може на кратко да застане на нозе, а за преглед ги тргна и завоите од лицето и тоа го покажа.
-Го проверивме и подбрадокот. Буквално се’ е под контрола. Нормално се’ е отечено на мене. Уште една недела го носам ластикот за притисок и потоа го редуцирам на 10 часа дневно. Првите резултати ги чекаме за неколу месеци. Јас се радувам на овие сегашните иако не се воопшто веродостојни… Сега се’ отекува. Се’ е изместено… и полека полека ќе се враќа во нормала. Течности и многу протеини не чекаат овој период- напиша таа во прилог на фотографијата која ја објави од „стори“ објавите.
А дека позитивната енергија, оптимизам и надеж за се’ да биде подобро и да допре до посакуваното за кое се стреми од страрт, мотивацијата на Ивона е и тоа како силна, ултра изразена. Весела и насмена, дури и да стави маскара за уште подобро чувство.
-Расцветано памукче, но желбата за поубаво чувство е поголема од се’. п.с ниту грижата за кожата не трпи овие денови, гласи описот од следната објава преку која Ивона уште еднаш нагласи дека позитивното чувство кај неа преовладува и кога не е розово, но оди натаму.
И посакуваме побрзо закрепнување, многу насмевки и лично задоволство кое отсекогаш го посакувала.
фото:Instagram printscreen/ivonajo