Радио Милева на патот кој ќе и го смени животот

Ивона Јо на 24 часа по операцијата се огласи од болничкиот кревет: „Не е добро, ама добро е, плачам и во неверие сум!“ (видео)

Ивона Јо на 24 часа по операцијата се огласи од болничкиот кревет: „Не е добро, ама добро е, плачам и во неверие сум!“ (видео)

Младата македонска пејачка Ивона Јо денови наназад објавува дека за неа претстои операција за абдоминална пластика и липосукција на стомак и подбрадок, операција од чија промена таа ќе се чувствува подобро физички и психички со задоволството  како изгледа, односно ќе изгледа.

На патот до својот успех тргна пред три дена, храбро и самоуверено до една приватна клиника во Истанбул каде легна под нож, а за целиот процес како што претходно најави ја изнестуваше јавноста преку Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)

Откако интервенцијата помина успешно, Ивона најпрвин се огласи со фотографија од болничкиот кревет преку која порача дека операцијата поминала успешно и таа е добро, но со измешани емоции и плач од неверување.

-Благодарам за секоја порака што сте ја пратиле. Добра сум, жива, здрава и спремна за нови победи. Тимот на докторот се прекрасни луѓе и професионалци. Благодарна до небо и назад за се’. Се уште се немам видено… Сликите се тука, плачам и во неверие сум, пишува Ивона.

По неколку часа откако анестезијата веќе почна да го заслабува дејството се повеќе и повеќе, Ивона повторно се јави, но овојпат и преку видео порака, го покажа лицето, се насмевна, па дури и кусо запеа.

Нештата за оваа млада и храбра девојка тргнаа онака како што таа посакуваше и очекуваше. Пред неа е уште една операција, односно втора фаза од ова што го започна, а истата е после  6 месеци. За неа најважно од сѐ е во целиот процес-отстранување на вишок кожа да се влезе со вистински и реални очекувања од своето тело.

Предизвик ќе биде целиот процес, но  со верба и добра мисла сѐ ќе помине. Инаку, пред четири години Ивона правеше операција за намалување на желудникот, ослебе доста и напорно вежваше се’ до оваа операција која беше очекуван след на процесот кој таа истрајно и храбро го започна.

фото:Instagram printscreen/ivonajo

To top