Радио Милева необична сцена

Инцидент во „Ѕвездите на Гранд“ – Дара Бубамара ја преврте масата на жирито

Инцидент во „Ѕвездите на Гранд“ – Дара Бубамара ја преврте масата на жирито

Пејачката Дара Бубамара ја преврте масата на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ кога се обиде да седне на неа. За време на снимањето на новата емисија „Ѕвездите на Гранд“ се случи необична сцена која ги насмеа и жирито и публиката во студиото. Дара Бубамара приреди вистинско шоу кога, обидувајќи се да седне на масата, ја изгуби рамнотежата и ја преврте, поточно ја демолираше, и заврши на подот.

Масата се распадна, а сите чаши и хартии паднаа од неа. За среќа, во тој момент, Драган Којиќ Кеба, кој седеше до неа, рефлексно ја држеше колешката и ѝ помогна да не заврши со сериозни повреди.

@darabubamara_live MA DARA JE SVE!! 🤣🤣❤️👑 #darabubamara #zvezdegranda #live #iconic #viral ♬ original sound – darabubamara_live

Ова не е прва несреќа што Дара ја доживеала на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, неодамна, додека се обидуваше да направи селфи со колешката, падна од стол и завршила под маса.

Сепак, ова е прв пат во 20-те години од „Ѕвездите на Гранда“ некој да успее да собори маса во просторијата за жири.
Публиката во студиото ја награди Дара со аплауз, а видеото од нејзиниот пад стана вирално на социјалните мрежи.

Foto: youtube printscreen/Zvezde Granda

To top