Кристина Димитри откако се врати во јавноста и излезе од „илегала“, повторно е активна на Инстаграм. Атрактивната тетовка после толку месеци одново има нешто да каже, покаже, да спомене или испровоцира. Таков и е наравот, така функционира и комуницира и со оние што ја обожаваат и со оние што „очи не сакаат да и видат“, ама затоа сакаат да бидат тие што нема да и дозволат „мирно да спие“.
Пејачката и екс мисица и модел пак, последниве месеци, ако не и година кога не спие сама, спие со своето ново момче на кое пошироката јавност ниту име не му дозна, ниту лик му виде, ама затоа сите видоа дека Кристина до него е „залепена како налепница“. Ниту од вид не го испушта, а камо ли од раце.
Тоа веројатно кај некои други што имаат „нерасчистени сметки“ со неа и нејзиното „подобро минато“ ги дразни да и ја загорчат „поубавата иднина“ со новата љубов! Така барем изгледа дека Кристина Димитри ги доживува сите оние пораки кои до душа никој јавно не ги видел, а таа јавно кажува дека се обидуваат да и наштетат.
Споредувајќи ги со влажни шамивчиња кои се секако за една употреба, пејачката им прати отворена порака на бившите на нејзиното ново момче, да „не и се мешаат во штипките“, зашто сега таа е онаа која е во „повеќекратна употреба“, веројатно со тенденција да остане – довека!
Со нова „трула вишња“ боја на косата, раскошна шминка и „убиствен поглед“ во непознато, на нејзините (не)познати опонентки, кои на нејзиното момче претходно му ги полнеле прегратките, а веројатно и постелата, па сега на Кристина и го полнат дигиталното поштенско меил сандаче, пејачката јавно им порача:
„Ги замолувам сите дами кои му служеле како влажни марамици на мојот дечко да не ми го полнат инбоксот. Зарем не знаевте дека влажната марамица е за една употреба.
П.С. Да, јас сум жената за која го промени целиот живот и единствената жена во која се заљубил во неговиот живот. Има разлика во фуш и разлика во бренд. Уф… и црвено ми стои“ – „ги поздрави“ во пораката пејачката.
Асоцијацијата со влажните шамивчиња прилично експлицитна и конкретна, што укажува на тоа дека Кристина Димитри е или прилично самоуверена, самобендисана или баеги исплашена, (повторно) да не остане сама?
П.С. А дека на Кристина Димитри и црвено и стои совршено – и стои несомнено! Прашањето е само дали е случајно? Се поклопил моментот или пејачката имала поинаква намера… Можеби дополнително да испрати скриена порака, па кој(а) ја разбрал(а) – разбрал(а). Зашто значењето и симболиката на црвената боја науката вака ги опишува:
„Оваа боја најсилно го опишува спектарот на човековите емоции. Таа претставува дворска љубов, страст и храброст од една страна, но и агресивност, опасност и омраза од друга. Секако поврзана е и со пролевањето крв, па така доаѓаме до значењето на црвената боја во христијанската религија. Таму црвената боја симболизира крв, војна, грев“.
И да… Не заборавајте дека црвената боја е уште нечие обележје! Па сега вие видете со тоа инбокс пораките!!!
Фото: Архива/Инстаграм/kristina.dimitry