Водителката Лила Филиповска по вторпат ужива на Бали, а оттаму се огласува преку социјалните мрежи споделувајќи го рајот кој ја опкружува.
Лила објавува и праќа бакнежи преку кратките видеа на Инстаграм од егзотичната дестинација, а се околу неа потсетува на топлото лето кое на многумина им недостига во овој период од годината.
Но сега, многумина ги изненади со најновата објава кога на сите им честиташе Среќна Нова година…
– Другари… Среќна Нова Година од Бали … – напиша Лила.
На Бали, во март се чека Новата Година, а Лила тоа несебично им го откри и на оние кои досега не ја знаеле таа информација.
Па така за кратко објавата се најде и на профилот кај македонскиот шоумен Игор Џамбазов кој пак без колебање веднаш напиша:
– Без нас, инфлуенсерките, свет нема да видите – се пошегува тој откако текстот го надополни и со емотикони кои плачат од смеење.
Откако веста ја сподели и Џамбазов, веќе нема сомнеж дека отсега натаму нема кој нема да знае дека во Бали календарски март е последниот месец во годината.
А моќта на Инфлуенсер(ките) тешко е да се негира.
Фото: printskrin/instagram/lilafilipovska