Се сеќавате ли на ликот од Х фактор, македонскиот естраден уметник Филип Јаневски – Фифи, кој отсекогаш се чувствувал – како жена! Само што од своето раѓање бил заробен во машко тело.
По успешниот настап на ова регионално музичко талент шоу, Фифи замина да живее надвор од Македонија, Се пресели во Шведска, каде по својата родова трансформација и половата метаморфоза, откако се подложил на хормонски терапии, го промени полот, направил надградба каде што треба и стана коечно е свој. Поточно Фифи стана Џиа!
Фифи не го заборавија ниту Србија и српските медиуми па Џиа Јаневска со поголеми или помали написи кон крајот на 2025-та не се симна од насловниците на српските портали! Токму тоа ја убеди, дека можеби е време да врати на естрадната сцена и во Македонија и во Србија… Повторно да се стави во естраден погон во целиот регион.

„Да знаев дека волку ви фалам во Србија на музичката сцена, никогаш немаше да престанам со снимање на нов материјал. Ништо… морам да почнам да размислувам да се вратам на сцената, па да имате што да пишувате дури тогаш“ – сподели тогаш пријатно „изненаѓената“ Џиа! И се врати…
„Луѓе, толку сум среќна и возбудена што можам да ви кажам дека по 12 години, конечно во април влегувам во студио и ќе работам на нова песна.
„Free“ го претставува моето патување кон слобода, будење и љубов кон себе. Јас го напишав текстот и тој е длабоко личен. Едвај чекам да го слушнете!“ – сподели на почетокот на годината македонската пејачка.
View this post on Instagram
Минатото лето пејачката го мина во Македонија, меѓудругото и во Охрид.

Годинава Џиа не дојде во родната земја – летуваше на Малта… со блиските пријателки!

Уживајќи во сонцето, морето, прошетките и секако… доброто дружење!

Meѓу две дружеби и една плажа добро доаѓа и јачање на самодовербата… Со едно бикини селфи во огледало, секако!

Сепак, она што во април го вети на крајот на летото пејачката го исполни… Џиа е конечно слободна! Така носи наслов најавената песна и видеото за неа – „Free“!
View this post on Instagram
„Животот ќе те научи на многу лекции. Некои луѓе ќе те изневерат, тешкотиите ќе те обликуваат, лажните пријателства ќе ти ги отворат очите, а странците можеби ќе ти помогнат да се излечиш. Сето тоа е дел од патувањето. Најважната лекција? Остани верен на себе. Никогаш не се намалувај себеси само за да се вклопиш во туѓиот свет. Никогаш не се губете барајќи прифаќање, љубов или разбирање. Избери се себеси. Заштити го својот дух. Следи го своето срце. Секогаш биди #СЛОБОДЕН“ – споделила Џиа во најавата на неговата тукушто излезена песна.
Фот6о и видео: Инстаграм/giajanevska






