Радио Милева најавени протести

Хрватите бараат забрана за концертите на Лепа Брена, а еве што таа им порача

Хрватите бараат забрана за концертите на Лепа Брена, а еве што таа им порача

Југословенската ѕвезда Лепа Брена има закажано настапи во Хрватска, односно во добро познат клуб на островот Крк, кои треба да се одржат на 18 и 19 јули.

Како што објавија денес хрватските портали, здружението на воени ветерани од островот Крк го изрази своето незадоволство поради фактот што Лепа Брена ќе одржи дури два настапи, па затоа бараат тие да бидат откажани. Во спротивно, како што наведуваат, планираат да организираат протести.

По овој повод, Лепа Брена ги најави своите претстојни настапи на својот профил.

А клубот каде што Лепа Брена ќе биде гостинка сподели соопштение пред еден час за претстојните настапи, што, очигледно, укажува дека концертите нема да бидат откажани.

Клубот ја сподели и изјавата на Лепа Брена во која пејачката за „Вечерњи лист“ изјавила колку многу се радува на враќањето на островот Крк.

– Секогаш доаѓам во Хрватска со големо возбудување, а концертите во летните ноќи имаат посебна магија. Неописливо се радувам на враќањето во Крк. Благодарност до публиката што ме носеше и ме прегрнуваше низ песните толку години. Подготвуваме шоу полно со емоции, енергија и изненадувања. Се гледаме, ќе пееме на сите можни гласови и ќе создадеме спомени што ќе траат цел живот – изјави регионалната ѕвезда Лепа Брена за „Вечерњи лист“ пред да пристигне на островот Крк.

фото:Instagram printscreen/lepabrenaa

To top