Радио Милева отворено за најмилите

Харис Џиновиќ одново се расприкажа пред медиумите, овој пат за ќерката и синот: „Отскочна даска и е моето презиме“

Харис Џиновиќ одново се расприкажа пред медиумите, овој пат за ќерката и синот: „Отскочна даска и е моето презиме“

Врската помеѓу пејачот Харис Џиновиќ и неговата ќерка Џина Џиновиќ, која ја има од бракот со модната дизајнерка Мелина Галиќ, одамна го привлекува вниманието на јавноста, а претходно призна дека имало несогласувања меѓу нив.

Сега тој откри како неговата ќерка успеала да го напушти Дубаи откако таму ескалираа конфликтите со Иран и дека таа моментално е во Барселона, каде што живее со своето момче.

Потоа тој истакна дека неговиот син Кан Џиновиќ, кој сè уште живее со него во вила во Сењак, води свој приватен бизнис и дека тој има негова целосна поддршка.

-Таа имаше проблем да излезе од Дубаи, но сега сè е во ред. Таа е во Барселона, каде што живее со своето момче. Морам да додадам дека многу се зборуваше за нашата врска, но луѓето не знаат што се случува внатре во четирите ѕида, сè е шпекулација. Мојата ќерка е многу убава и сите го велат тоа, но нејзината отскочна даска е моето презиме. Таа добро се снаоѓа во својата работа и секоја чест за неа. Исто така, јас и мојот син живееме заедно и се сложуваме одлично. Тој започна свој бизнис, му давам целосна поддршка – заклучи Џиновиќ.

фото:instagram printscreen/djina_dzinovic/ You Tube printscreen/ Blic

To top