Пејачот Ѓорѓе Давид ја загрижи јавноста откако објави фотографија на социјалните мрежи од болнички кревет, каде што се гледа поврзан со медицински помагала.
Oбјавата предизвика бројни реакции и загриженост кај неговите следбеници, кои веднаш се запрашаа што се случило со музичарот.

Сепак, набрзо се откри дека нема потреба од паника. Имено, сè е дел од снимањето на новата серија во која рокерот има улога, а драматичната сцена го бараше токму овој кадар од болницата.

„Сериозно отруен… борба за живот! Итно хоспитализиран во приватна клиника во Винчи! Веруваме во него… во Аризона! Снимање на серијата „Наследство“!“ – напиша Ѓорѓе Давид.
фото:Instagram printscreen/djordje_david






