Јована Пајиќ одби да пее на концертот на Марија Шерифовиќ! Тие две предизвикаа конфликт:
„Памти, па врати“
Марија Шерифовиќ на претстојниот концерт во Сава центар ја поканила својата колешка Јована Пајиќ, а таа одбила.
Имено, Марија ја замолила Јована да и се придружи за време на концертот за заедно да го испеат големиот хит „Лудило моје“, што таа го одбила со изговор дека ја мрази песната и не сака да се меша во се’.
Шерифовиќ за ова ги извести своите следбеници на социјалните мрежи, повикувајќи ги да апелираат до Јована да ја смени одлуката.
– Рече дека не сака да биде зеленчук кој се меша во се’, а сега можете да ја контактирате во ДМ – напишала Марија во објавата, а набрзо следел одговорот на Јована.
– Благодарам за овој „жежок компир“ и блокиран ДМ, не држам лутина, но се сеќавам и возврати Јована заедно со фотографијата од нејзиното преполно сандаче.
фото:instagram printscreen/serifovic/Youtube /jovana___pajic