Халид Бешлиќ неодамна беше хоспитализиран поради лоша здравствена состојба, а моментално се наоѓа на нефролошкото одделение во Универзитетскиот клинички центар во Сараево.
Јавноста ja загрижи веста дека Халид Бешлиќ завршил во болница поради лоша здравствена состојба. Прво бил примен на нефролошкото одделение на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а пред два дена бил префрлен во Клиниката за онколошки пациенти, каде што ја продолжил терапијата.
Поддршката за Халид доаѓа од сите страни, а сега Гога Секулиќ се огласи, споделувајќи фотографија од Халид на својот Инстаграм профил.

Таа преку фотографијата на која стави кралска круна испрати поддршка и силна порака до пејачот.
За потсетување, пејачот со години се справува со здравствени предизвици. По сериозната сообраќајна несреќа во 2009 година, во која го изгуби окото и претрпе повреди на белите дробови, на пејачот му беше вграден стент, а се бори и со дијабетес. Овие проблеми бараат постојано внимание и грижа за неговото здравје.
Foto: print Screen/Instagram







