Радио Милева новогодишна честитка

„Ете така, ми олесна…“: Игор Џамбазов со емотивна порака ја испраќа 2024 та (фото)

„Ете така, ми олесна…“: Игор Џамбазов со емотивна порака ја испраќа 2024 та (фото)

Уште само неколку часови не делат од Новата Година кога  точно на полноќ  ќе си посакаме посреќна да ни биде иднината што доаѓа.

Новогодишната честитка до најблиските за исполнивање на желбите се слуша  насекаде, а најмногу преку социјалните мрежи.

Па, бидејќи кога ќе се поклопат стрелките на часовникот не можеме на сите во исто време да им честитаме, обичните луѓе како и познатите јавни личности  веќе почнаа да праќаат малку порано.

Токму еден од нив беше и македонскиот шоумен Игор Џамбазов  кој го зема мобилниот в раце и си олесна на време.

Џамбазов како и секогаш знае да го привлече и задржи вниманието на сите па така беше и овој пат со пораката која ја напиша на Инстаграм за годината што изминува.

– 2024 годино тебе ти се обраќам. Завршивме со тебе сестро. Засекогаш. И да не си се осмелил да и се појавиш пред очи уште еднаш. Ти беше едн нечувствителна, непредвидлива,  тешка, напорна, напната, грда и опасна вештерка. Збогум!

И порачај и на сестра ти што ни доаѓа да не се занесува многу. Оти штом те преживеавме тебе. Нема шо да ја мислиме неа. Таа нека му ја мисли…

Среќна нека е, народе мој!

Ете така. Ми олесна… – напиша Игор Џамбазов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Следбениците веднаш коментираа на објавата и оставија коментари со кои потврдија дека се согласуваат со напишаното и воедно и тие му ја честитаа новата година со поубави желби, а во 2025  – та да биде се така лесно.

фото: printscreen/instagram

To top