Радио Милева емотивно

Емоциите ја совладаа: Теа Таировиќ ронеше солзи во „Амиџи Шоу“ (фото)

Емоциите ја совладаа: Теа Таировиќ ронеше солзи во „Амиџи Шоу“ (фото)

Пејачката Теа Таировиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, а во еден момент емоциите целосно ја совладаа.

Водителот Огњен Амиџиќ и приреди изненадување на Теа пуштајќи емотивни видео пораки од нејзината мајка Божица Малевиќ, таткото Зоран Таировиќ, како и од најблиските луѓе и соработници кои и испратија поддршка пред големите концерти.

– Имам среќа, едвај ги чекам 21 и 22 септември, твоите два концерта во белградска арена. Едвај ја чекам магијата, заедно со сите, со која вие и вашиот тим ќе не маѓепсате од сцената. А она што ќе биде мојот најголем успех и најголема награда е твојата радост и твојата насмевка. Мама те сака најмногу на светот – рече Божица Малевиќ во емотивно обраќање, додека Теа видно трогната едвај ги задржа солзите.

– Теа, спиеме уште единаесет дена, а концертот ќе биде прекрасен, убав и сончев исто како овој ден на море. Те сака тато – и рекол Зоран Таировиќ.

По овие пораки Теа не можеше да ги задржи солзите и емотивно се скрши пред камерите.

фото:Printscreen/ TV Pink

To top