Радио Милева акција и реакција

Емисија во живо и се’ е можно: Кармата му врати на Ване Маркоски откако пред камери и се изнасмеа на колешката (видео)

Емисија во живо и се’ е можно: Кармата му врати на Ване Маркоски откако пред камери и се изнасмеа на колешката (видео)

Да се работи на утринска програма е предизвик за медиумските работници и тоа нималку едноставен. Тргнувајќи од фактот дека треба да си буден уште во мугрите, брзо расонет и концентриран, а со тоа и експресно фокусиран за пред камерите кои ќе се вклучат и ќе почнат да снимаат, а тоа да се пренесува пред гледачите во живо.

Оттука, овој професионален ангажман за водителите со искуството станува редовна пракса и навика, ама секој момент може да биде ставен пред некој неочекуван чин како во случајот на водителот Ване Маркоски и колешката Кристина Талеска која беа тандем во студио за тековниот ден.

И токму кога ќе помислат дека се подготвени и секој дел од нив е буден и на готовс, оној што може да потрфли, особено наутро е гласот, грлото, гласните жици како што тоа за момент додека зборуваше пред камерите и се случи на водителката и новинарка Кристина. Ване во случајот, така ошуштено и се насмеа за она што ја снајде и тоа свесно и немерно.

Но, дојде нов ден и ново утро, па по принципот на акција и реакција и на Ване му се случи истото, па и повеќе и позабележливо. Е тогаш и Кристина не додржа и слатко му се изнасема додека програмата одеше во живо, исто и таа слободна така природно да го изнесе моменталното чувство и реакција.

„Карма“ напиша Ване, исто толку свесен и очигледно самокритичен за тоа дека човекот според пишано или непишано правило пати од сопствените дела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vane Markoski (@vanemarkoski_)

Принципот на акција и реакција на водителската двојка за многумина беше симпатичен и природен, што коментираа и во видеото кое Ване го постави на социјалните мрежи и покажа дека кога се емитува во живо, тогаш се’ неочекувано треба да стои со префикс како очекувано, ама и дека она што го правиме некогаш покасно, а некогаш и многу брзо се враќа.

фото:Instagram printscreen/ vanemarkoski_and kristina.taleska

To top