Македонската манекенка, мисица со академска диплома и сопственичка на ланец цвеќарници – Емилија Розман не е само по својата убавина, телесениот раскош и сексапил, туку и по себeсвојствениот хумор, „откачените“ постови, фотографии и видеа кои неретко ги споделува на социјалните мрежи.

Иако не е ниту вљубена, ниту (по втор пат) мажена, долгоногата убавица најмногу ги обожава овие два празника: „Денот на вљубените“ и „Денот на жената“. Свети Валентин и 8-ми Март за (се’ уште) г-ца Розмантична се празници над празниците. Како и не би кога е Емилија е веројатно најпознатата македонска цвеќарка!

А покрај родендени, имендени, породувања… или што би се рекло поединечно, цвеќето најмногу и најмасовно се троши колективно токму за споменатите два празници. Првиот помина, ама затоа „Денот на жената“ чука на врата. А, г-ца Розмантична како и секогаш и овој пат е прилично прагматична.

За да ја засили кампањата за продажба во своите цвеќарници, „луцкастата“ Емилија смислила прилично убедлива „предупредувачка реклама“. Истата по обичај ја споделила на своите Инстаграм приказни, колку за после 8-Март да не и останат полни вазни… со непродадено цвеќе!

„Ако нема цвеќе за 8-ми Март“ за дамата, била девојка или сопруга – седно, следува прилично сурова одмазда: „Машка кајгана“ за посилната половина!
Затоа, гледајте никако да не го заборавите „Денот на жената“ и цвеќето за вашата „понежна половина“. Подобро од вас цвеќе за вашата сакана, отколку од неа за вас „Машка кајгана“… По проверен рецепт на Емилија Розман!
Фото и видео: Инстаграм/rozmanticna




