Радио Милева несудената пејачка

Екс-снаата на Кеба по вторпат елиминирана од „Ѕвездите на Гранд“

Екс-снаата на Кеба по вторпат елиминирана од „Ѕвездите на Гранд“

Софија Дачиќ, поранешна сопруга на Игор Којиќ и поранешна снаа на пејачот Драган Којиќ Кеба, го напушти музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“.

Оваа сабота, осумнаесет кандидати се претставија на сцената преку девет дуели, а баражот беше особено напнат бидејќи сите го покажаа својот максимум, и во однос на пеењето и во однос на енергијата.

– Од десетмината од вас, уште шест кандидати ќе одат во следната рунда – рече Воја Недељковиќ, воодушевувајќи ја публиката која очекуваше дека ќе поминат многу помалку натпреварувачи од бараж.

Шесте кандидати кои се пласираа во третата рунда на „Ѕвезде Гранда“ од баражот се: Хана Бабајиќ, Сергеј Тадиќ, Анѓела Милосављевиќ, Нина Николиќ, Ангела Влинтовска и Осман Нурикиќ.

Од преостанатите четири кандидатки, публиката мораше да се збогува, а најголемото изненадување беше елиминирањето на Софија Дачиќ, поранешната снаа на Кеба, која повеќе нема да настапува на  натпреварот.

Да ве потсетиме дека Софија и Игор Којиќ се венчаа во тајност, но нивниот брак траеше многу кратко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIJA DACIĆ (@sofijakaosofija)

– Пред неколку дена, тие потпишаа спогодбен развод во адвокатска канцеларија во Нов Белград и одлучија дека секој треба да се фокусира на своите планови и животи. Кеба е пресреќен, како и целото семејство, бидејќи од самиот почеток не мислеле дека таа е вистинскиот избор за него – открил извор близок до семејството Којиќ, пренесува Блиц.

Инаку, Софија уште од старт на своето претставување во шоуто не се покажа баш најдобро со своите вокални способности.

фото:Instagram printscreen/sofijakaosofija

To top