Радио Милева само весело

Екипата на „Брза кујна“ и се обрати на верната публика и со еден колективен потег стави крај на сите прашалници: „Еве Ви го одговорот…“

Екипата на „Брза кујна“ и се обрати на верната публика и со еден колективен потег стави крај на сите прашалници: „Еве Ви го одговорот…“

Изминатиот период гледачите на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ беа во низа прашалници за тоа зошто има нов шеф на позицијата на шеф Боби Симоновски, што се случува со него, дали се откажал, се скарал со негово од екипата и сл…

Арно ама, за да се тргнат сите негодувања и ширење шпекулации низ коментари на социјалните мрежи, објавено беше дека шеф Боби ќе се врати и оправдано е отсутен поради повреда на ногата.

Од „рекла казала“ муабети осамна информација што се случило и зошто шеф Боби го нема во „Брза кујна“

11-тата сезона на „Брза кујна“ кусо по почетокот, како замена на повредениот Боби, го стави шеф Зоки, а епизодите од снимањата со заменскиот готвач се уште се прикажуваат.

За да не настанот нови прашалници, измислици, и разни приказни, екипата се обрати до гледачите со видео од кое колективно покажа дека сите се добри и на стара позиција, особенио Боби кој играјќи пајдушко оро со колегите покажа дека завршил со рехабилитација, а повредата веќе е минато.

-На вашите прашања, каде е Боби, како е Боби, дали сте добро…еве ви го нашиот одговор. Сите сме заедно и супер.

Дилеми повеќе нема, само весела атмосфера на ниво!

фото:Facebook/Брза Кујна – Сител Телевизија

To top