Северина Вучковиќ вчера ја објави песната “Pumpaj, Seve”, а неколку часа подоцна следеа јавни обвинувања за плагијат. Во коментарите под објавената песна почнаа да се појавуваат тврдења дека Северина „ја украла мелодијата“ на српската пејачка Гога Секулиќ и песната „Хеј, вуче, лопове“. Потоа Гога се огласи и ги коментираше постапките на хрватската пејачка.

„Цел ден ми се јавуваат поради тоа, Северина ја украде мелодијата на мојот најголем хит. Публиката ја пее таа песна на моите настапи, а сега ќе морам да го сменам текстот и да пеам: „Еј, Севе, крадец““, изјави Гога Секулиќ за тамошните медиуми и додаде:

„Северина, покрај тоа што ја украде мелодијата, се потпиша како авторка. Сè му испратив на Александар Кобац, кој работеше на таа песна, ќе видиме кои ќе бидат следните чекори“, рече Гога.
Недолго потоа, во друга приказна, Гога додаде уште подиректна порака:

Foto: printscreen/instgaram







